| Убиство во тетовско Желино |
| Сабота, 27 Јуни 2009 01:40 |
|
Убиен е 33 годишниот Бени Салиу од тетовското село Желино. Во него пукал и со еден истрел од својот пиштол го усмртил 37 годишниот Рафиз У.
Двајцата соселани откако вчера се сретнале во една фабрика за мермер во Желино, прво започнале кавга поради претходни нерасчистени односи. Потоа Салиу физички го нападнал Рафиз У. Тој пак од својот автомобил го зел оружјето и смртно го застрелал. Салиу бил пренесен во клиничката болница во Тетово, а случајот нешто подоцна во Полициското одделение Групчин, убиецот телефонски го пријавил самиот. Салиу и Рафиз У. биле долгогодишни соселани и пријатели. Извор: A1 |
|
|
|
|
| Сре | Чет | Пет |
Only registered users are allowed to post