| Драма во Вељуса - дрвокрадци фатени на дело |
| Сабота, 27 Јуни 2009 01:29 |
|
Вистинска драма се случуваше синоќа во селото Вељуса кога пред дрвокрадците се испречија Шумската полиција засилена со специјалната единица и месното население.
На лице место во бесправна сеча на планината Еленица беше фатена група од девет дрвокрадци. Сите жители на селото Баница. „Од истите се одземени девет шпедитери и околу 20 метри просторно огревно дрво, коешто ќе биде однесено во затворот во Струмица и ќе бидат поднесени прекршочни пријави“, рече Васо Трајковски, помошник началник во Шумска полиција. Дрвокрадците биле пријавени од месното население, според кое 80 насто од шумскиот фонд бил уништен. „Секој ден поминуваат по 10 коли, дење-ноќе жителите на Баница се тука“, рече Бранко Мавров претседател на М.З. село Вељуса. „Моментално сме многу оштетени, немаме ниту едно дрвце да пресечеме од планината“, рече Сандо Витанов, жител на село Вељуса. Поради масовното крадење на дрва од оваа и од планините Огражден и Беласица, Шумската полиција е во секојдневна битка со дрвокрадците. Пред неколку дена бил нападнат шумски полицаец, а оштетено било и едно службено возило. Само во јуни биле поднесени 42, а од Нова Година досега над 500 прекршочни пријави. Извор: А1
|
|
|
|
|
| Чет | Пет | Саб |
Only registered users are allowed to post