| Шуто Оризари во жалост за Мајкл Џексон |
| Сабота, 27 Јуни 2009 01:24 |
|
И Шуто Оризари во жалост за Мајкл Џексон. Големите фанови на поп легендата, како што сами се нарекуваат жителите на Шутка, велат дека неговата смрт многу ги погодила.
Во Шуто оризари Џексон бил икона, велат жителите. Дури ни хип хоп музиката која ги заразила младите, не можела да му ја уништи популарноста. Па уште бил број еден. Продавачите на ЦД-а велат дека наскоро музиката на Џексон ќе се најде на продажба на нивните тезги. Веста за неговата смрт ги фатила неподготвени, па затоа тоа не го сториле денес. Имитатори, колекционери, па дури и деца кои го носат неговото име- во Шуто Оризари многу нешта потсетуваат на Мајкл Џексон. А сето тоа убаво ќе го покажеле, но морале да се организираат, па да му направат ин мемориам на големиот пејач и нивни миленик. Што велат жителите на Шутка за смртта на Мајкл Џексон погледнете на видеото. Извор: A1
|
|
|
|
|
| Сре | Чет | Пет |
Only registered users are allowed to post